Соопштенија
__TwigTemplate_277de5032d9d0374ff8dc37722f4ebf8dc38b6fdb710760c0955cf4b8b70e542->block_navbar(Array, Array) (Line: 215) Twig_Template->displayBlock('navbar', Array, Array) (Line: 54) __TwigTemplate_277de5032d9d0374ff8dc37722f4ebf8dc38b6fdb710760c0955cf4b8b70e542->doDisplay(Array, Array) (Line: 432) Twig_Template->displayWithErrorHandling(Array, Array) (Line: 403) Twig_Template->display(Array) (Line: 411) Twig_Template->render(Array) (Line: 64) twig_render_template('themes/icemagic/templates/layout/page.html.twig', Array) (Line: 384) Drupal\Core\Theme\ThemeManager->render('page', Array) (Line: 437) Drupal\Core\Render\Renderer->doRender(Array, ) (Line: 195) Drupal\Core\Render\Renderer->render(Array) (Line: 490) Drupal\Core\Template\TwigExtension->escapeFilter(Object, Array, 'html', NULL, 1) (Line: 93) __TwigTemplate_b59f245a6eae29abf391e21c0d8708930113f9c11bc8f0ae0fde1e90d32b990b->doDisplay(Array, Array) (Line: 432) Twig_Template->displayWithErrorHandling(Array, Array) (Line: 403) Twig_Template->display(Array) (Line: 411) Twig_Template->render(Array) (Line: 64) twig_render_template('themes/mbase/templates/layout/html.html.twig', Array) (Line: 384) Drupal\Core\Theme\ThemeManager->render('html', Array) (Line: 437) Drupal\Core\Render\Renderer->doRender(Array, ) (Line: 195) Drupal\Core\Render\Renderer->render(Array) (Line: 147) Drupal\Core\Render\MainContent\HtmlRenderer->Drupal\Core\Render\MainContent\{closure}() (Line: 582) Drupal\Core\Render\Renderer->executeInRenderContext(Object, Object) (Line: 148) Drupal\Core\Render\MainContent\HtmlRenderer->renderResponse(Array, Object, Object) (Line: 90) Drupal\Core\EventSubscriber\MainContentViewSubscriber->onViewRenderArray(Object, 'kernel.view', Object) call_user_func(Array, Object, 'kernel.view', Object) (Line: 111) Drupal\Component\EventDispatcher\ContainerAwareEventDispatcher->dispatch('kernel.view', Object) (Line: 156) Symfony\Component\HttpKernel\HttpKernel->handleRaw(Object, 1) (Line: 68) Symfony\Component\HttpKernel\HttpKernel->handle(Object, 1, 1) (Line: 57) Drupal\Core\StackMiddleware\Session->handle(Object, 1, 1) (Line: 47) Drupal\Core\StackMiddleware\KernelPreHandle->handle(Object, 1, 1) (Line: 184) Drupal\page_cache\StackMiddleware\PageCache->fetch(Object, 1, 1) (Line: 121) Drupal\page_cache\StackMiddleware\PageCache->lookup(Object, 1, 1) (Line: 75) Drupal\page_cache\StackMiddleware\PageCache->handle(Object, 1, 1) (Line: 47) Drupal\Core\StackMiddleware\ReverseProxyMiddleware->handle(Object, 1, 1) (Line: 52) Drupal\Core\StackMiddleware\NegotiationMiddleware->handle(Object, 1, 1) (Line: 23) Stack\StackedHttpKernel->handle(Object, 1, 1) (Line: 665) Drupal\Core\DrupalKernel->handle(Object) (Line: 19)
Почитувани ученици, наставници и родители,
Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).
Настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика. Оваа година настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2018 година и тоа:
- 10. ноември за ученици од I-VI одделение
- 17. ноември за ученици од VII-IX одделение и
- 24. ноември за ученици од I-IV година
и ќе вклучува повеќе настани:
- научно-популарни предавања,
- натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик (во понатамошниот текст – експерименти),
- презентации на искуства од наставници,
- работилници,
- посета на лаборатории на ПМФ и
- други активности.
*Делот од настанот „Ноември - месец на науката“ од областа на физика за учениците од основните (8мо и 9то одделение) и средните училишта ќе се одржи во рамките на 42. Школа на млади физичари која ќе се одржи 9. и 10. ноември (информации за организација и пријавување: http://dfrm.org ).
За учество на настанот секој ученик и секој ментор/наставник треба да се пријави најдоцна до 15 октомври (понеделник) 2018 година со пополнување на електронска пријава ТУКА.
Пријавувањето ќе започне од 17. септември (понеделник).
Еден експеримент се изведува од еден или најмногу двајца ученици.
Во формуларите, покрај учениците се пријавуваат и менторите со пополнување на следните формулари:
пријава за експерименти 10. ноември за ученици од I-VI одделение. ТУКА
пријава за експерименти 17. ноември за ученици од VII-IX одделение. ТУКА
пријава за експерименти 24. ноември за ученици од I-IV година. ТУКА
.
Наставниците (освен како ментори) може да учествуваат со презентација со пополнување на соодветниот формулар за презентацијата даден погоре во текстот при што со една презентација се пријавува еден наставник.
Задолжително е пополување на образец со опис на експериментите (на учениците) или презентацијата (на наставниците) треба да се испрати на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com најдоцна
- до 15. октомври (за основно - I - VI одд.)
- до 22. октомври (за основно - VII, VIII и IX одд.) и
- до 26. октомври (за средно).
За дополнителни информации испратете порака на mesec.na.nauka@gmail.com
Котизацијата за учество на настанот треба да се уплати најдоцна до 26.октомври 2018 година (петок) ,пример уплатница е дадена ТУКА. (за групна уплата да се достави список на дадениот e-mail) и изнесува:
- за ученик – 300 денари и вклучува учество на еден ученик со еден експеримент. Ученик има право да се пријави на настанот без експеримент и да учествува во другите активности.
- за наставник – 300 денари.
Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на „Ноември - месец на науката“ ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите учесници на натпреварот во експериментите од одредена област, како и на нивните ментори.
ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АФИРМАЦИЈА НА НАШИТЕ НАУКИ!
Со почит,
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Проф. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ
Проф. д-р Алекса Малчески, претседател на СММ
Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД
Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД
Моника Димиќ, претседател на ИДСБ
Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ
Се известуваат учениците кои ќе учествуваат на Првиот селекционен натпревар по природни науки дека истиот се презакажува и ќе се одржи на 4 јули 2018 година со почеток од 10 часот на ПМФ во Скопје.
Со почит,
ДФРМ, СХТМ, МБД
На Првиот Селекционен натпревар по природни науки кој ќе се одржи на 22.06.2018 година во Голем физички амфитеатар - ПМФ - Горна зграда, со почеток од 10 часот, со одлука на Комисијата за IJSO се покануваат најдобро пласираните ученици на Државните натпревари по физика, хемија и биологија, како и сите ученици кои минатата година го сочинуваа резервниот тим и ги посетуваа подготовките на ПМФ.
Сите ученици кои планираат да учествуваат на овој натпревар своето учество треба да го потврдат со испраќање на електронска пошта на fizikanatprevari@gmail.com, најдоцна до 15.06.2018 година.
Со почит,
Друштво на физичари на Република Македонија
Сојуз на хемичари и технолози на Македонија
Македонско биолошко друштво
Почитувани ученици и ментори,
конечните резултати од државниот натпревар по биологија за учениците во VII, VIII и IX одделение образование се достапни во делот НАТПРЕВАРИ 2018 - РЕЗУЛТАТИ.
Во прилог на ова соопштение ги објавуваме и критериумите за наградување на учесниците.
Со почит,
МБД
Почитувани ученици и ментори,
конечните резултати од државниот натпревар по биологија за учениците во I-ва , II-ра и III-та година средно образование се достапни во делот НАТПРЕВАРИ 2018 - РЕЗУЛТАТИ.
Во прилог на ова соопштение ги објавуваме и критериумите за наградување на учесниците.
Со почит,
МБД
Почитувани ученици и ментори,
конечните резултати и одговорите на прашањата од државниот натпревар по биологија за учениците во IV-та година средно образование се достапни во делот НАТПРЕВАРИ 2018 - РЕЗУЛТАТИ.
Во прилог на ова соопштение ги објавуваме и критериумите за наградување на учесниците.
Со почит,
МБД
Почитувани ученици и ментори,
Ве молиме погледнете го приложеното известување во врска со 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2018).
Со почит,
МБД
Почитувани ученици и ментори,
во врска со поклопувањето на терминот (31. март 2018 г.) за Регионалните натпревари по математика и биологија, Ве известуваме дека се поместуваат термините за натпреварите по биологија.
Новите термини за натпревари по биологија за основно и средно образование се следните:
- Регионални натпревари - основно: 15. април (недела) 2018 г.; средно: 21. април (сабота) 2018 г.
- Државен натпревар - 19. мај 2018 г.
- Државен натпревар за IV година - 12. мај 2018 г.
Со почит,
Македонско биолошко друштво
Почитувани ученици и ментори,
Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки е една од тринаесетте олимпијади категоризирани од Министерството за образование и наука како значајна меѓународна олимпијада за ученици од Република
Македонија и за постигнат успех на некоја од овие олимпијади МОН доделува стипендии на учениците. Ова е престижна олимпијада, добра можност за учениците да го покажат своето знаење, способности и вештини, како и споредба на секоја земја со останатите земји-учеснички.
Активностите во врска со олимпијадата се реализираат од страна на три здруженија: Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското
биолошко друштво (МБД).
Планираните термини за престојните активности во врска со Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2018) се следните:
-
јуни/јули 2018 – прв селекционен натпревар за IJSO 2018 на ПМФ, Скопје
-
август 2018 – втор селекционен натпревар за IJSO 2018 на ПМФ, Скопје
-
септември–декември 2018 – подготовки на тимот за Олимпијада на ПМФ
-
декември 2018 – учество на тимот од РМ на IJSO 2018
На првиот селекционен натпревар ќе бидат поканети најдобро пласираните ученици од натпреварите по физика, хемија и биологија од VIII и IX одд., но и најдобро пласираните ученици од трите натпревари од прва година кои до 31.12.2018 нема да наполнат 16 год.
Трите друштва ќе организираат селекција на учениците преку два селекциони натпревари, со тоа што на првиот селекционен натпревар ќе бидат дадени и задачи од математика кои ќе бидат непосредно поврзани со
проблемските прашања и задачи од физика, хемија и биологија кои бараат предзнаења од математика. На вториот селекционен натпревар ќе има прашања и задачи од физика, хемија и биологија.
Со почит,
Македонско биолошко друштво
Сојуз на хемичари и технолози на Македонија
Друштво на физичари на Република Македонија