Соопштение
__TwigTemplate_277de5032d9d0374ff8dc37722f4ebf8dc38b6fdb710760c0955cf4b8b70e542->block_navbar(Array, Array) (Line: 215) Twig_Template->displayBlock('navbar', Array, Array) (Line: 54) __TwigTemplate_277de5032d9d0374ff8dc37722f4ebf8dc38b6fdb710760c0955cf4b8b70e542->doDisplay(Array, Array) (Line: 432) Twig_Template->displayWithErrorHandling(Array, Array) (Line: 403) Twig_Template->display(Array) (Line: 411) Twig_Template->render(Array) (Line: 64) twig_render_template('themes/icemagic/templates/layout/page.html.twig', Array) (Line: 384) Drupal\Core\Theme\ThemeManager->render('page', Array) (Line: 437) Drupal\Core\Render\Renderer->doRender(Array, ) (Line: 195) Drupal\Core\Render\Renderer->render(Array) (Line: 490) Drupal\Core\Template\TwigExtension->escapeFilter(Object, Array, 'html', NULL, 1) (Line: 93) __TwigTemplate_b59f245a6eae29abf391e21c0d8708930113f9c11bc8f0ae0fde1e90d32b990b->doDisplay(Array, Array) (Line: 432) Twig_Template->displayWithErrorHandling(Array, Array) (Line: 403) Twig_Template->display(Array) (Line: 411) Twig_Template->render(Array) (Line: 64) twig_render_template('themes/mbase/templates/layout/html.html.twig', Array) (Line: 384) Drupal\Core\Theme\ThemeManager->render('html', Array) (Line: 437) Drupal\Core\Render\Renderer->doRender(Array, ) (Line: 195) Drupal\Core\Render\Renderer->render(Array) (Line: 147) Drupal\Core\Render\MainContent\HtmlRenderer->Drupal\Core\Render\MainContent\{closure}() (Line: 582) Drupal\Core\Render\Renderer->executeInRenderContext(Object, Object) (Line: 148) Drupal\Core\Render\MainContent\HtmlRenderer->renderResponse(Array, Object, Object) (Line: 90) Drupal\Core\EventSubscriber\MainContentViewSubscriber->onViewRenderArray(Object, 'kernel.view', Object) call_user_func(Array, Object, 'kernel.view', Object) (Line: 111) Drupal\Component\EventDispatcher\ContainerAwareEventDispatcher->dispatch('kernel.view', Object) (Line: 156) Symfony\Component\HttpKernel\HttpKernel->handleRaw(Object, 1) (Line: 68) Symfony\Component\HttpKernel\HttpKernel->handle(Object, 1, 1) (Line: 57) Drupal\Core\StackMiddleware\Session->handle(Object, 1, 1) (Line: 47) Drupal\Core\StackMiddleware\KernelPreHandle->handle(Object, 1, 1) (Line: 184) Drupal\page_cache\StackMiddleware\PageCache->fetch(Object, 1, 1) (Line: 121) Drupal\page_cache\StackMiddleware\PageCache->lookup(Object, 1, 1) (Line: 75) Drupal\page_cache\StackMiddleware\PageCache->handle(Object, 1, 1) (Line: 47) Drupal\Core\StackMiddleware\ReverseProxyMiddleware->handle(Object, 1, 1) (Line: 52) Drupal\Core\StackMiddleware\NegotiationMiddleware->handle(Object, 1, 1) (Line: 23) Stack\StackedHttpKernel->handle(Object, 1, 1) (Line: 665) Drupal\Core\DrupalKernel->handle(Object) (Line: 19)
Почитувани ученици, наставници и родители,
Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).
Настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика. Оваа година настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2018 година и тоа:
- 10. ноември за ученици од I-VI одделение
- 17. ноември за ученици од VII-IX одделение и
- 24. ноември за ученици од I-IV година
и ќе вклучува повеќе настани:
- научно-популарни предавања,
- натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик (во понатамошниот текст – експерименти),
- презентации на искуства од наставници,
- работилници,
- посета на лаборатории на ПМФ и
- други активности.
*Делот од настанот „Ноември - месец на науката“ од областа на физика за учениците од основните (8мо и 9то одделение) и средните училишта ќе се одржи во рамките на 42. Школа на млади физичари која ќе се одржи 9. и 10. ноември (информации за организација и пријавување: http://dfrm.org ).
За учество на настанот секој ученик и секој ментор/наставник треба да се пријави најдоцна до 15 октомври (понеделник) 2018 година со пополнување на електронска пријава ТУКА.
Пријавувањето ќе започне од 17. септември (понеделник).
Еден експеримент се изведува од еден или најмногу двајца ученици.
Во формуларите, покрај учениците се пријавуваат и менторите со пополнување на следните формулари:
пријава за експерименти 10. ноември за ученици од I-VI одделение. ТУКА
пријава за експерименти 17. ноември за ученици од VII-IX одделение. ТУКА
пријава за експерименти 24. ноември за ученици од I-IV година. ТУКА
.
Наставниците (освен како ментори) може да учествуваат со презентација со пополнување на соодветниот формулар за презентацијата даден погоре во текстот при што со една презентација се пријавува еден наставник.
Задолжително е пополување на образец со опис на експериментите (на учениците) или презентацијата (на наставниците) треба да се испрати на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com најдоцна
- до 15. октомври (за основно - I - VI одд.)
- до 22. октомври (за основно - VII, VIII и IX одд.) и
- до 26. октомври (за средно).
За дополнителни информации испратете порака на mesec.na.nauka@gmail.com
Котизацијата за учество на настанот треба да се уплати најдоцна до 26.октомври 2018 година (петок) ,пример уплатница е дадена ТУКА. (за групна уплата да се достави список на дадениот e-mail) и изнесува:
- за ученик – 300 денари и вклучува учество на еден ученик со еден експеримент. Ученик има право да се пријави на настанот без експеримент и да учествува во другите активности.
- за наставник – 300 денари.
Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на „Ноември - месец на науката“ ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите учесници на натпреварот во експериментите од одредена област, како и на нивните ментори.
ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АФИРМАЦИЈА НА НАШИТЕ НАУКИ!
Со почит,
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Проф. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ
Проф. д-р Алекса Малчески, претседател на СММ
Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД
Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД
Моника Димиќ, претседател на ИДСБ
Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ