Почитувани ученици, наставници и родители,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ). 

Се известуваат учениците кои ќе учествуваат на Првиот селекционен натпревар по природни науки дека истиот се презакажува и ќе се одржи на 4 јули 2018 година со почеток од 10 часот на ПМФ во Скопје. 

 

Со почит,

ДФРМ, СХТМ, МБД

На Првиот Селекционен натпревар по природни науки кој ќе се одржи на 22.06.2018 година во Голем физички амфитеатар - ПМФ - Горна зграда, со почеток од 10 часот, со одлука на Комисијата за IJSO се покануваат најдобро пласираните ученици на Државните натпревари по физика, хемија и биологија, како и сите ученици кои минатата година го сочинуваа резервниот тим и ги посетуваа подготовките на ПМФ.

Почитувани ученици и ментори,

конечните резултати од државниот натпревар по биологија за учениците во VII, VIII и IX одделение образование се достапни во делот НАТПРЕВАРИ 2018 - РЕЗУЛТАТИ.

Во прилог на ова соопштение ги објавуваме и критериумите за наградување на учесниците.

Почитувани ученици и ментори,

конечните резултати од државниот натпревар по биологија за учениците во I-ва , II-ра и III-та година средно образование се достапни во делот НАТПРЕВАРИ 2018 - РЕЗУЛТАТИ.

Во прилог на ова соопштение ги објавуваме и критериумите за наградување на учесниците.

Почитувани ученици и ментори,

конечните резултати и одговорите на прашањата од државниот натпревар по биологија за учениците во IV-та година средно образование се достапни во делот НАТПРЕВАРИ 2018 - РЕЗУЛТАТИ.

Во прилог на ова соопштение ги објавуваме и критериумите за наградување на учесниците.

Почитувани ученици и ментори,

Ве молиме погледнете го приложеното известување во врска со 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2018).

Со почит,

МБД

Почитувани ученици и ментори,

во врска со поклопувањето на терминот (31. март 2018 г.) за Регионалните натпревари по математика и биологија, Ве известуваме дека се поместуваат термините за натпреварите по биологија.

Новите термини за натпревари по биологија за основно и средно образование се следните:

Почитувани ученици и ментори, 

Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки е една од тринаесетте олимпијади категоризирани од Министерството за образование и наука како значајна меѓународна олимпијада за ученици од Република 
Македонија и за постигнат успех на некоја од овие олимпијади МОН доделува стипендии на учениците. Ова е престижна олимпијада, добра можност за учениците да го покажат своето знаење, способности и вештини, како и споредба на секоја земја со останатите земји-учеснички. 

Документи: