Соопштение

На Првиот Селекционен натпревар по природни науки кој ќе се одржи на 22.06.2018 година во Голем физички амфитеатар - ПМФ - Горна зграда, со почеток од 10 часот, со одлука на Комисијата за IJSO се покануваат најдобро пласираните ученици на Државните натпревари по физика, хемија и биологија, како и сите ученици кои минатата година го сочинуваа резервниот тим и ги посетуваа подготовките на ПМФ.

                Сите ученици кои планираат да учествуваат на овој натпревар своето учество треба да го потврдат со испраќање на електронска пошта на fizikanatprevari@gmail.com, најдоцна до 15.06.2018 година.


Со почит,

Друштво на физичари на Република Македонија
Сојуз на хемичари и технолози на Македонија 
Македонско биолошко друштво